“Литро вино, литро вода” е песната со која што Влатко Алексовски и Скопски Боеми настапија на годинешното издание на фестивалот на шегобијна песна “Тумба Фест” во Куманово.

Нивниот сценски настап беше оценет како еден од најинтересните и најенергични настапи, а со тоа тие докажаа дека нивната енергија одлично се совпаѓа. Влатко за естрадниот магазин Естрада плус накратко раскажа за соработката со Скопски Боеми и за нивниот прв заеднични настап на фестивалска сцена, но и за долгогодишната заедничка работа со познатиот музичар Цане Петров.
-Со Цане соработката ни е долгогодишна, а прва соработка во оваа комбинација со Скопски Боеми и Влатко Алексовски. Инаку со Цане сме настапувале двапати на Филиграни минатата година со “Свекорот е главен”, година пред тоа со “Невесто убава”, значи секогаш нудиме нешто ведро, весело, свадбарско, она народот што сака да го слушне.-изјави Алексовски за гледачите на ИН ТВ.
-Се надевам дека ќе има нешто плус, ние веќе зборувавме за нова песна со Влатко.-вели Цане.

Петров во интервјуто за ИН ТВ не го криеше задоволството од нивниот настап кој беше одлично прифатен од публиката на Тумба Фест.
-По реакцијата на публиката еве и Влатко така примети, како и од наша страна гледано имаше многу убава реакција.-додава познатиот музичар за Естрада плус.
За периодот кој следи, Влатко и Скопски Боеми најавија снимање на официјално видео за песната “Литро вино, литро вода” за кое како што велат во интервјуто ќе го работат со ИН Продукција.
