Жителите на Охридското село Велеството си добија песна за своето родно место. Песната која што ја отпеа моќниот вокал Милован Секулоски е идеја на Круме Милески, кој што потекнува од Велество, а живее во Австралија. Круме е познат музичар и е дел од Легато бенд Мелбурн.

Милован Секулоски во студиото на ИН Продукција претстави две убави песни. Едната песна е посветена на познатото Охридско село Велестово, а со другата песна “Животот е еден” зеде учество на годинешното издание на фестивалот Охрид Фест-Охридски Трубадури.
Милован во интервју за ИН ТВ раскажува како дошла идејата за снимање на песна за Велестово.
-Првата песна која што ја изведовме тука е песна посветена на селото Велестово, тоа е село во Охридскиот крај, на планината Галичица. Идејата за реализација на овој проект е на жител на Велестово, Круме Милески кој сега со неговото семејство живее во Мелбурн, Австралија, идејата е негова, а заедно го реализиравме проектот. Подготвувањето траеше околу три месеци, додека се доби финалната верзија. Благодарение на социјалните мрежи сега е многу лесно да се функционира, иако сме многу далеку, сепак сме блиску. Музиката и текстот ги работевме заедно, аранжманот е на Дејан Миленкоски. Морам да ги спомнам и учесниците во проектот, Гоце Цоцески, таму се снимаше вокалот и саксофонот кој го отсвири Димитар Димоски, членот на Позитив бенд и мислам дека ќе биде добро прифатена песната.-истакна Секулоски, за естрадниот магазин Естрада плус.

Како што вели Милован промоцијата на “Песна за Велестово” била за празникот Голема Богородица бидејќи тоа е селска слава на Велестово. Тој додава дека коментарите за оваа песна се одлични, а жителите на Велестово се горди на тоа што добија песна за своето родно место.
Инаку, пред само извесен период Милован си оформи и свој бенд со кој ќе настапува по семејните прослави. Станува збор за “Позитив бенд” кој се состои од неколку одлични музичари од Охридско-Струшкиот регион.

