Харизма бенд решија да ги изненадат нивните фанови и на јавноста да и подарат песна која е наменета за првиот танц на младоженците. Песната е работена од врвни професионалци, а е насловена “Круна на Љубовта”.

Во времето на Кралевите и Кралиците, “Првиот танц” се користел за отворање на бал или специјален настан. “Првиот танц” го играле почесните гости, кои често биле членови на Кралско семејство, додека во денешно време овој танц го играат младоженците.
Песната со наслов “Круна на Љубовта” од Харизма бенд е наменета токму за “Првиот танц”.
-Со оваа песна ја возвраќаме љубовта на нашата публика. Благодарни сме за поддршката што ја имаме овие 8 години. Сè што правиме, правиме за Вас! – велат од Харизма Бенд.

Текстот на песната е напишан од непресушното перо на Огнен Неделковски, певливата мелодија е дело на Александар Митевски, а милозвучниот аранжман е на Бобан Василески.
-Доколку веќе сте го одиграле Вашиот “Прв танц”, за миг ќе ве вратиме на “подиумот на среќата” со сè тремата. Уживајте во “Круна на Љубовта”.-додаваат од бендот, за естрадниот магазин Естрада плус.
Во продолжение слушнете ја новата песна на Харизма бенд, “Круна на Љубовта !
