Јован Поп-Стефанија : Успешен музичар, но и дипломиран Доктор по општа медицина

Please follow and like us:
Pin Share

Сите го знаеме како одличен музичар кој што е дел од Охридскиот Ансамбл Билјана, но за оние кои што не знаат, покрај музиката Јован Поп-Стефанија има уште една љубов, а тоа е медицината.

Јован дипломираше онлјан веднаш по Езерскиот концерт кој што го одржаа на 16-ти јули, а дипломирањето го посвети на неговиот другар и колега, прерано починатиот Андреј Лаброски. Сега Поп-Стефанија е дипломиран Доктор по Општа медицина.

-Има некоја судбина, јас тоа така го дефинирав. Имав  неколку датуми за бранење дипломска и денот беше баш роденденот на Андреј и одржувањето на Езерскиот концерт, а часот беше тој. Си реков во себе значи мора да го направам тоа во негова чест, моето дипломирање му го посветувам него. Се надевам дека што повеќе ќе се гледаме на свирки во кафана, на концерти, а што помалку ќе се гледаме во болници, ординации.-истакна Поп-Стефанија за естрадниот магазин Естрада плус.

Јован во неодамнешното интервју за ИН ТВ раскажа како успева да ги спои музиката и медицината.

-Старите велат две лубеници или по Охридски два карпузи под еден пазув не се носат, но доколку имаш добар баланс, доколку правилно ги распоредиш практично работите за се има време. Некогаш на едната работа ќе и се посветиш помалку, некогаш ќе имаш време на некоја работа да и се посветиш повеќе, ќе балансираш и тоа ќе доведе до една успешна приказна и во двете сфери.-вели Јован, за гледачите на ИН ТВ.

Инаку, пред само неколку денови Ансамбл Билјана одржаа уште еден Езерски концерт, овојпат насловен Ој љубов, љубов.

Ансамблот на кајче тргна од Канео, па пеејќи староградски и македонски народни песни се упати накај старото пристаниште каде што забавата доживеа кулминација, а попатно присутните на плажите и шеталиштата ги потпевнуваа познатите рефрени. Настанот беше организиран во соработка со Културолошката Иницијатива 5 до 12.

Во продолжение погледнете ја атмосферата од Пловидбата со Ансамбл Билјана !

Please follow and like us:
Pin Share