Пејачот Џеј Рамадановски важи за боем и човек глас, иако заради пороците често е споменуван во негативен контекст низ медиумите, она што сега се дозна за него ја открива другата страна на неговата личност.

Имено, пејачот секоја вечер купувал леб и печива од пекарниците на Дорќол за да ги нахрани гладните.
– Секогаш доаѓа пред крај на работното време и купува се што е останато. Се става во кеси, а нив ги закачува на контејнерите. Дури и кога беше болен не се откажа од оваа своја навика, не доаѓаше тој, туку испраќаше свои луѓе на кои им даваше пари и тие го правеа тоа за него“, раскажал сведок за српските медиуми.
– Секогаш ги честам луѓето кои немаат, не го правам само јас тоа, туку и моите другари од Дорќол или Менхетен, како што си го викам. Секогаш помагам колку што можам, за храна, за она најосновното. Знам како ми беше мене, па сега сакам да се оддолжам. Секогаш сум велел сиромаштијо и на Бога си му тешка“, рекол Џеј.
