Милан Завков со апел до младите : Да го чуваат богатството на Македонија

Please follow and like us:
Pin Share

Познатиот виртуоз на хармоника, Милан Завков важи за еден од најдобрите музичари и композитори во нашата земја. Неговата музичка кариера трае повеќе од 40 години, а има создадено над 150 музички дела за голем број пејачи од естрадата.

Милан во неодамнешно интервју за ИН ТВ упати апел до младите лица, да ја негуваат македонска народна музика, фолклорот, бидејќи тоа е најголемото богатство на нашата земја Македонија.

-Ќе им порачам на младите што повеќе да слушаат македонска музика, нели на оние кои што се занимаваат со народна музика каде што спаѓам и јас во таа бранша. Да слушаат што повеќе македонска музика, да ги слушаат оние стари записи на македонските изведувачи, македонските композитори. Она што беше создавано во минатото, да продолжат да ја градат македонската култура, македонската музика затоа што тоа кај нас е нешто што најдобро го знаеме и нешто што е највредно за нашата држава, тоа е народната музика, фолклорот. По тоа сме препознатливи и тука можам да кажам надвор насекаде низ светот.-истакна Завков, за гледачите на ИН ТВ.

Инаку, Милан е познат по одличната соработка со бројни македонски музичари и пејачи. Завков се појавува во новиот спот на Ташко Каранфиловски за песната “Сине мој”, која што е нивно најново заедничко дело.

Please follow and like us:
Pin Share