“Прекрасни луѓе, гостопримливи, топли… ” се зборовите со кои Ташко Каранфиловски ги опиша нашите македонци кои живеат во Австралија. Тој ги сподели импресиите од неговата прва турнеја во оваа далечна земја.

Еден од најбараните фолк пејачи во земјава и надвор од неа, Ташко Каранфиловски пред само неколку месеци ја оствари првата голема турнеја во Австралија каде што имаше можност да се дружи со нашите македонци и воедно да стекне многу нови пријатели. За нашинците кои живеат таму, Ташко вели дека се прекрасни луѓе, а доста изненаден е од тоа колку ги знаат своите македонски песни.
-Тоа беше моја прва турнеја во Австралија, иако во Скандинавија сум честопати присутен. Ги поздравувам сите гледачи од Шведска, Данска, Австралија, Канада, Норвешка и насекаде каде што сум бил. Во Автралија поминав прекрасно и таа турнеја ќе ја паметам цел мој живот. На почеток тоа ми беше како тежина бидејќи одев за првпат и не знаев како ќе ме прифати публиката. Ги поздравувам нашите македонци оттаму со сета моја почит кон нив, знаат како да пречекаат еден пејач онака како што навистина не сум се осетил никаде. Австралија си поминав преубаво, стекнав доста пријатели, доста познанства, запознав доста колеги за кои навистина сум мислел дека нема да имам можност да ги сретнам, но ете се отвори патот. Немам зборови со кои можам да ги опишам нашинците таму. Прекрасни луѓе, гостопримливи, топли кои ги пееја нашите песни и тоа е една голема позитивна страна.-истакна Каранфиловски во неодамнешното интервју за ИН ТВ.

Ташко во месец мај требаше да настапи на две свадби во Австралија, а во соработка со Симе Бричот беа закажани уште неколку концерти во повеќе градови, но поради пандемијата од коронавирусот сите нивни планови околу втората турнеја во Австралија, ги одложиле за следната година.
