Дарко Стојаноски открива : Кој е најубавиот момент за него во овој тежок период?!

Please follow and like us:
Pin Share

Иако се надеваше дека оваа година за него ќе биде една од најуспешните досега, тоа не испадна баш така, а сето тоа поради пандемијата на коронавирусот.

Откако ја доби првата награда од жири на Гоце Фест со песната “Сонцето од Кутлеш”, следуваше неговата прва голема турнеја во Австралија во месец март, заедно со неговиот колега Спасен Силјаноски. Иако нивните концерти во Мелбурн беа со рекордна посетеност, поради брзото ширење на пандемијата од КОВИД-19 тие беа приморани да се вратат во Македонија каде што беа ставени во Државен, но и домашен карантин.

Најубавиот момент за него во овој тежок период како што вели тој е победата на Најдобриот на листата и паричната награда од 400 долари кои ги доделуваше Сателитската ИН Телевизија во месец јули на своите музички соработници.

-За оваа година планирав дека ќе ми биде една од најдобрите години бидејќи на 4-ти март веќе бевме пристигнати во Австралија, јас, Спасен и група Престиж. Преубаво ја започнавме турнејата, направивме три концерти во Мелбурн и само што пристигнавме во Сиднеј, поради коронавирусот ги забранија свирките и моравме веднаш да се вратиме. Откако пристигнавме во Македонија 14 дена бевме во Државен карантин, потоа во домашен карантин, така да од коронавирусот оваа парична награда која ми ја додели Сателитската ИН Телевизија е најубавиот момент досега.-раскажува Стојаноски, за естрадниот магазин Естрада плус.

Откако ќе се среди состојбата со коронавирусот, Дарко ќе продолжи со своите планови. Како што вели во интервјуто за ИН ТВ, најпрво ќе сними спот за “Сонцето од Кутлеш”, а потоа ќе следува и видео запис за песната која што во моментов ја подготвува “Моја Долна Река”.

 

Please follow and like us:
Pin Share