Туше сеуште не се чувствува безбеден да настапува

Please follow and like us:
Pin Share

Фолк пејачот Благојче Стојановски -Туше во неодамнешното интервјуто за ИН ТВ проговори за моменталната состојба со корона вирусот и одложените настапи. Тој вели дека сеуште не се чувствува безбеден да настапува и се надева дека во најскоро време ќе се пронајде лек за смртоносниот вирус.

Македонските музичари во изминатите неколку месеци поради пандемијата од коронавирусот која сеуште владее низ целиот свет, изгубија доста настапи, односно закажани концерти и турнеи. Во неодамнешното интервју за ИН ТВ еден од најпознатите фолк пејачи Благојче Стојановски – Туше ни открива какво е неговото мислење околу оваа тешка моментална состојба.

-Јас сеуште не се чуствувам слободен да излезам и да настапувам по локалите, незнам зошто можеби грешам, но душата ми кажува дека сеуште не е средена работата. Како што гледам голем дел од моите колеги настапуваат по локали. Се надевам нема ништо сериозно да се случи со никој од моите колеги на естрадата иако одат на настапи. Но, јас едноставно ќе причекам да видам како ќе биде понатаму со ситуацијата.-вели Стојановски, за Естрада плус.

Тој додава дека не е надлежен за оваа ситуација и не може да прогнозира што поточно ќе не очекува во иднина, но се надева дека во најскоро време ќе се пронајде лек за овој смртоносен вирус кој сеуште е активен и е распространет насекаде околу нас.

 -Не сум надлежен за да прогнозирам нешто како ќе биде и што ќе биде во иднина, но според мене додека не излезе некоја вакцина или слично ова нема да се смири. Иако имаше голем број на шпекулации дека ќе се среди се кога ќе дојде летото и короната ќе исчезне, ете летото дојде уште малку и ќе си отиде, но нема никакви намалувања на заболени, баш напротив има се поголем број на новозаразени, така да немам голема надеж, но сепак се надевам дека ќе се пронајде лек и за ова.-додава тој за ИН ТВ.

Инаку, најново кај Туше е преработката на големиот хит “Чакмак Чакмак” од Кенан Таировски, која што ја претстави во студиото на ИН Продукција. А, за периодот кој следи Благојче најавува и промоција на неговиот карантински албум на кој што ќе има над 100 песни и видеа.

Please follow and like us:
Pin Share