“Пред да заминеш” е првата песна на Дејан Денесовски за која што деновиве беше објавен и официјален спот. Песната е поп балада, а Дејан се надева дека ќе биде одлично прифатена од јавноста.

Дејан Денесовски деновиве го промовираше неговото првенче, односно првата авторска песна со наслов “Пред да заминеш” која што ја претстави заедно со спот. Како што истакна Дејан во интервјуто за ИН ТВ, снимањето на видеото се одвивало на повеќе локации во Претор, а заедно со целата екипа која била вклучена во организацијата поминале одличен ден исполнет со убава атмосфера и позитивна енергија.
-Снимањето помина добро иако имав малку трема меѓутоа излезе се како што треба на крај. Преспа располага со многу убави места, се снимаше во комплексот Галакси, ресторан, апартмани и плажа Галакси. Музиката е на Миле Наумоски од Скопје, аранжман и студио на Хари Котларовски, а спотот се снимаше со продукцијата на Охрид Скај, голем поздрав до нив. Охрид Скај е генерален покровител на овој проект. Морам да кажам дека во спотот се појавува и моделот Кристина Димитриевска, тоа е девојка која зад неа има испишано историја како модел и убаво е да се работи со такви луѓе.-вели Дејан, за гледачите на ИН ТВ.

Неговите очекувања се оваа поп балада да биде добро прифатена од публиката бидејќи како што вели тоа е најбитно за еден пејач.
Но, тука не запира. За периодот кој следи, Дејан најавува уште една авторска песна која веќе се подготвува.
Во продолжение погледнете го видеото за песната “Пред да заминеш” !
