(ВИДЕО ) Новиот проект на Елена Велевска е полн погодок

Please follow and like us:
Pin Share

Одличен проект на Елена Велевска кој буди доста емоции. Покрај неколку нејзини авторски песни, таа сними и сплетови со македонски патриотски хитови кој не би оставиле никого рамнодушен.

Деновиве јавноста имаше можност да ужива во одличниот избор на песни кои се најдоа во новиот видео проект на фолк пејачката Елена Велевска. Во интервјуто за ИН ТВ таа вели дека е презадоволна од крајниот резултат и пресреќна е што народот одлично го прифати проектот, а за истиот доби бројни позитивни коментари.

-Со оглед на тоа што во дијаспората многу ја сакаат патриотската песна, знаев дека ќе успее проектот и одамна се стремев да го работам, меѓутоа ете сега бил моментот да излезе на површина. Заедно со мојот колега Гоце Костоски Пејак го работевме проектот и убаво испадна. Едно такво лезетско да кажам издание каде што самиот тек на песните си течеше спонтано и врзувавме песна по песна.-истакна Велевска за естрадниот магазин Естрада плус.

Како што вели изборот на песните од проектот е нејзин додавајќи дека овие македонски хитови будат посебно патриотско чувство во неа и затоа додека пее, песните ги доживува доста емотивно.

-Сама ги бирав и некако и мене ме ежат овие песни, ми будат такви емоции додека ги пеам, ми будат чувство на патриотизам во мене и толку ми е жал што на некој начин многу Македонци ни заминаа од државата, па додека ги изведувам и мене ми навираат солзи во очите, но ете нека биде ова еден апел да си се држиме сплотени рака за рака бидејќи никој подобро не ни мисли отколку ние самите и песната секогаш нека биде таа што не зближува. Да си ја чуваме, да си ја пееме и да не однесе насекаде низ светот.-додава таа за гледачите на ИН ТВ.

Елена тука не запира. За периодот кој следи подготвува низа новитети и изненадувања за нејзината верна публика.

Please follow and like us:
Pin Share