Иван Стефановски направи преработка на песната “Низ двори се шета мома Катерина”

Please follow and like us:
Pin Share

15 годишниот Иван Стефановски сними преработка на песната “Низ двори се шета мома Катерина”. Тој за периодот кој следи ја најавува неговата прва авторска песна.

Младиот Иван Стефановски од  Струга веќе две години професионално се занимава со музика. Тој е доста талентиран млад пејач, кој што потекнува од музичко семејство.

Тој направи одлична преработка на македонската народна песна која носи наслов “Низ двори се шета мома Катерина”.

-Идејата за оваа песна Низ двори се шета мома Катерина дојде спонтано, песната ми лежи на срце бидејќи ја слушав уште од многу мал. Се надевам дека мојата изведба ќе и се допадне на јавноста.-раскажува Иван, во интервјуто за ИН ТВ.

Покрај оваа преработка тој за естрадниот магазин Естрада плус открива дека во следниот период ќе сними и авторска песна.

-Веќе размислувам околу новиот материјал, односно би сакал да откријам дека подготвувам авторска песна и се надевам дека ќе ја претставам во најскоро време.-додава тој.

Инаку, Иван пред три години учествувано на Регионален натпревар по пеење кој се одржа во ОУ Христо Узунов во Охрид, каде што ја освоил првата награда со песната Севдалино Малој Моме.

Please follow and like us:
Pin Share