Деновиве ја претстави неговата најнова преработка на песната “Кога падна на Пирина” која засега е одлично прифатена од јавноста, а веќе работи на новиот материјал и новите песни. Покрај тоа што подготвува песна на италијански јазик, Давид Миладинов најавува и песна со која што ќе настапи на МАКФЕСТ следната година.

Оперскиот пејач Давид Миладинов поседува доста моќен глас кој никого не остава рамнодушен. Покрај со оперско пеење, тој се занимава и со забавна музика, односно зад себе има неколку песни во забавен стил, а со некои од нив се претставил на неколку фестивали низ Македонија.
Како што открива Миладинов за естрадниот магазин Естрада плус, тој во моментов подготвува неколку нови песни, а со една од нив ќе конкурира на престижниот фестивал МАКФЕСТ за следната година.
-Имам една италијанска песна, тоа е “Адаџо” и уште две песни спремам, едната од нив морам да кажам дека ја подготвувам за МАКФЕСТ за следната година бидејќи оваа година не знам уште како ќе биде со оваа ситуација, се надевам дека ќе се подобри ситуацијата дека ќе бидеме живи здрави сите, дека ќе успееме да ја победиме короната и ќе се одржи фестивалот МАКФЕСТ.-истакна Давид, за гледачите на ИН ТВ.

Давид во интервјуто вели дека неговиот план е да продолжи во иднина со негување на двата музички правци, бидејќи се пронаоѓа и во оперското пеење и во забавното, иако се работи за различни стилови.
-Мене ми е во план да одам и во двата правци. Забавното пеење го негувам секој ден, учам нови песни и технички работам. Инаку, тоа се два различни стила. Не е исто оперското пеење и забавното. Во оперското пеење се бара многу техника, значи тоа е најбитно. Талентот кој го имаме е 20 посто, другото е се техника.-објаснува Миладинов, за Естрада плус.
Најново од Давид Миладинов е преработката на патриотската песна “Кога падна на Пирина”, песна која што Давид ја носи многу моќно и во сосема различно издание од она што досега сме го слушнале.
Спотот за оваа песна го изработи ИН Продукција.
Во продолжение уживајте во спотот и во одличната изведба на Давид !
