(ВИДЕО) Песна и спот кои ќе го расплачат секој вистински Македонец

Please follow and like us:
Pin Share

Дали го погледнавте и дали ви се допадна спотот за песната “Кога падна на Пирина”, преработка на Давид Миладинов?!

Деновиве јавноста има можност да ужива во една од најмоќните изведби досега на патриотската песна “Кога падна на Пирина”, од страна на оперскиот пејач Давид Миладинов.

Откако беше промовирано видеото, Давид за Естрада плус открива дека постојано му пристигнуваат пораки и коментари со пофалби за неговата изведба и за изработката на спотот. Доста голем број од македонците не останаа рамнодушни и заплакаа додека ја слушаа неговата изведба на оваа песна која важи за една од најемотивните патриотски песни.

“Огромна благодарност до маестро Џорлев за да звукот на виолината го долови чувството на отчукувањето на македонското срце и секако за искористената матрица.”

Aранжман Александар Митевски и Зоран Џорлев.

Please follow and like us:
Pin Share