Во одлична атмосфера во саботата навечер се одржа концерт во живо на еден од најдобрите машки вокали во Македонија и пошироко, Христијан Божинов Кико.

Гледачите кои го следеа концертот во живо на сателитската ИН Телевизија, како и преку фан страните на фејсбук, имаа можност да уживаат во широкиот репертоар со добро одбрана музика од страна на Кико и Пријателите, кои што мора да нагласиме дека песните ги изведуваа без претходна заедничка проба.
Истиот, беше прекрасно уживање за јавноста бидејќи се пееја песни за сечиј вкус.
Во текот на четиричасовниот концерт пристигнуваа бројни позитивни коментари и музички желби од фановите, а Кико и Пријателите секако дека успеаа да исполнат голем број од нивните желби.

Бендот на Кико овојпат беше во проширен состав, односно покрај неговите колеги од Болеро, Никола Ѓорѓиев, Фимчо Костов и Мики Божинов, Кико одбра уште неколку професионалци кои што го придружуваа за концертот во живо, Симон Минов, Горан Лазаров-Гогси, Енис Папазов и Иван Атанасов.
Преносот во живо и овојпат го овозможи 2S Студио.
