Преработка на убава македонска песна најавуваат Дани и Тик Так

Please follow and like us:
Pin Share

Дани и Тик Так не мируваат. Тие во периодот кој следи ќе реализираат една преработка на македонска песна, која што била планирана да излезе уште пред пандемијата со коронавирусот. Најавуваат и една новокомпонирана песна.

Пред извесен период Даниела и Тик Так го промовираа првиот официјален спот, за нивната втора новокомпонирана песна со наслов “НУЛА”. Покрај оваа песна, тие ја имаат и “После тебе”, која што беше промовирана во студиото на ИН ТВ во Охрид.

Но, овие одлични музичари не запираат тука. Дани за Естрада плус изјави дека подготвуваат една убава преработка на позната македонска песна, за која веруваат дека ќе успеат да ја претстават во најскоро време. Освен преработката, таа вели дека ќе следува и нова авторска песна.

-Дани и Тик Так секако дека планираат нешто ново. Ние и пред да започне оваа пандемија веќе стартувавме со нешто, односно требаше да реализираме една преработка на наша македонска песна. Но, за жал сето ова ја поттурна малку целата работа, сепак ни преостанува да бидеме трпеливи. Мислам дека за почеток ќе ја снимиме таа преработка на македонската песна, а понатаму секако дека ќе има нешто новокомпонирано. Сакаме да настапиме и на некои фестивали, за кои се надеваме дека ќе бидат одржани. Така да, очекувајте нешто ново од нас секако.-открива Даниела, во онлајн интервјуто за ИН ТВ.

Таа накратко ни раскажа дека изминатиот период за неа не бил толку тежок, бидејќи секогаш си наоѓала по некоја занимација. Но, она што најмногу и недостигало дефинитивно е музиката, потоа настапите, публиката, нивниот аплауз и желбата на нејзините фанови за музика.

Please follow and like us:
Pin Share