Дара Бубамара вели дека е срамота нејзините колеги да се жалат дека немаат пари, а се „полни како брод“.

„Не можам да верувам дека кукаат моите колеги, а претходните години заработија многу пари. Тоа ми е страшно. Поединци зад себе имаат 30,50 години кариера и се жалат? Фуј! Обичниот народ поради пандемијата остана без работа, а пејачите се фалат со куќите, вили, па уште и бараат помош од државата“ вели Дара и додава:
„Секако дека не се пријавив за помош од 100 евра, сигурна сум дека има луѓе на кои им се потребни. Државата не треба да им плаќа минималец на пејачите затоа што моите колеги досега имаа доволно време да направат „дебели заштеди“ објаснува Бубамара за „Информер“.
Наводно Дара за 4 месеци што не настапувала останала без 256 000 евра.
„Не ми паѓа на памет да се жалам. Би ми било срам“ вели Бубамара.
За разлика од неа, пејачката Гоца Божиновска беше меѓу првите што изјави дека сака било каква помош од државата затоа што е во тешка финансиска состојба. На изјавата на Дара, Гоца жестоко реагираше и веднаш ѝвозврати.
– Што има Дара да гледа во туѓите паричници? Таа да земе да си ги брои нејзините милиони, а нас останатите нека не остави на раат. Штом има толку пари и советувам со нив да им помогне на оние кои немаат што да јадат. Дали знаете колку музичари не работат, а издржуваат по четири деца? На сцената има десет пејачки кои заработуваат врвни пари, а ние останатите сме во незавидна позиција, вели Божиновска.
