Давид Миладинов наградуван со први и втори места на натпревари низ Европа

Please follow and like us:
Pin Share

Во претходните неколку години, оперскиот пејач Давид Миладинов е наградуван со први и втори места на неколку фестивалски натпревари во повеќе држави низ Европа, како Латвија, Италија, Германија, Бугарија. Инаку, Давид зад себе има и неколку настапи на Македонски Фестивали, од кои Макфест и Охридски Трубадури каде што настапуваше со песни во забавен стил.

Давид Миладинов важи за извонреден вокал кој што има дипломирано на Факултетот за Музичка Академија на отсек соло пеење, а во моментов е на Магистерски кај професорот Борис Трајанов. Тој досега има учествувано на голем број натпревари по оперско пеење во повеќе земји низ Европа, каде што добил неколку први, но и втори награди.

-Имам настапувано во Бугарија, Латвија, Германија и Италија, каде што се освоив доста награди. Зедов доста први награди, втори и ред други награди. Настапив и на концертот Коста Трпков, тоа е концерт за млади надежни таленти, оперски пејачи, така што бевме повеќе пејачи кои што се покажавме добро и тоа ни се некои стапки за понапред да одиме, да напредуваме во оперското пеење.-истакна Давид, во интервјуто за ИН ТВ.

Покрај оперското пеење, Миладинов на македонската сцена е присутен и со песни во забавен стил. Зад себе ги има песните “Едно лето”, “Тивки писма”, “Не верувам во грев”.

Во 2018-та година Давид имаше можност да учествува на престижниот фестивал “Макфест” кој се одржува во неговиот роден град Штип. Тој настапи со една одлична композиција насловена “Тој сон нека потрае”, со која што имаше доста впечатлив настап и влезе во финалето на фестивалот.

-Тоа ми беше првиот настап на Штипскиот фестивал Макфест и морам да кажам дека беше убаво чувството. Имав добра песна, јас мислам дека се претставив добро и дека и се допадна на публиката. Покрај моето оперско пеење се трудам истотака и во забавното пеење да одам напред.-додава тој за гледачите на ИН ТВ.

Најново од него е преработката на патриотската песна “Кога падна на Пирина”, за која што сними и спот кој за првпат е во соработка со ИН Продукција. Видеото се очекува да излезе во етер во секој момент, а премиерно ќе биде претставено на сателитската ИН Телевизија.

Во продолжение уживајте во неговата изведба на “МАМА” заедно со Виолета Арсова !

Please follow and like us:
Pin Share