ТРАГЕДИЈА : Во несреќен случај загина младиот пејач Емрах Мехмеди

Please follow and like us:
Pin Share

Во несреќен случај животот го изгуби Емрах Мехмеди. Тој важеше за доста млад пејач кој имаше големи планови за музичката кариера.

Денес сосема неочекувано почина младиот пејач Емрах Мехмеди од Жировница. Како што дознава екипата на Естрада плус се работи за несреќен случај, односно Емрах загинал откако паднал од скеле додека работел.

Тој важеше за доста надежен пејач, кој што ја негуваше македонска народна песна и кој имаше големи планови за неговата кариера кои што за жал останаа нереализирани.

Емрах имаше одлична соработка со голем број познати музички имиња од македонската естрада, како и текстописци и композитори. Зад себе има неколку авторски песни, “Да се вратам од туѓина”, “Кога тргнав на печалба” и други, кои што пред извесен период ги претстави во студиото на ИН Продукција во Охрид.

Откако се прошири веста за неговата смрт, голем број македонски музичари преку заеднички фотографии и објави на социјалните мрежи се простија од нивниот млад колега, кој важеше за човек со чиста душа и големо срце.

Емрах зад себе остави мали дечиња и сопруга.

Искрено сочувство од екипата на Естрада плус и ИН Продукција до фамилијата. Почивај во мир Емрах!

Please follow and like us:
Pin Share