Ангел Стојскоски во интервјуто за ИН Телевизија открива дека до крајот на годинава ќе го комплетира неговиот прв албум.

Стружанецот Ангел Стојкоски, кој доста напорно работи на својата музичка кариера, за следниот период најавува уште неколку песни. Тој за естрадниот магазин Естрада плус открива дека ќе сними една кафанска песна, како и една македонска патриотска. Ангел работи и на неговиот прв албум.
-Да, се надевам дека ќе има нешто ново бидејќи веќе планирам да направам една кафанска песна и една патриотска која ќе ја посветам на мојата татковина. Се надевам дека ќе го сработам материјалот во скоро време и во текот на есента или зимскиот период ќе ги објавам песните. Размислувам за албум, ова е веќе шеста песна, па уште три четири песни ќе бидат готови до крајот на годинава или до половината на следната година ќе го завршам тој албум.-истакна Стојкоски, за Естрада плус.

Тој вели дека на албумот ќе има негови авторски песни, но и неколку преработки на стари македонски песни.
-Веќе една е ставена, песната за која снимив видео со ИН ТВ, Абер ми дојде од Солуна града. Размислувам за уште една песна која можеби ќе биде во соработка со мојот колега Игор Андреевски, можеби ќе ја преработиме Нарочува бело Менде бидејќи е добро прифатена. Но, сепак сакам да се потрудам албумот да го завршам со мои авторски на кои сум јас автор на текстот.-додава тој во интервјуто.
На самиот почеток на месец јуни, Ангел ја промовираше неговата најнова песна “Брате мој”, која што ја претстави заедно со спот кој го изработија неговите соработници од ИН Продукција. Станува збор за песна со печалбарска тематика, за која што досега доби низа пофални зборови од јавноста.
