Татјана Лазаревска ќе одржи концерт во живо од студиото на ИН ТВ во Мелбурн. Концертот е закажан за 7-ми јуни ( недела ) со почеток од 7 часот.

По примерот на нејзините колеги од Македонија, кои во периодот на карантин преку нивните онлајн концерти успеаа да ги расположат нивните фанови, сега и една од најпознатите македонски фолк пејачки Татјана Лазаревска ќе се обиде преку нејзино музичко шоу да допре до срцата на јавноста.
Татјана ќе одржи концерт во живо од студиото на единствената македонска музичка телевизија во Австралија, ИН ТВ кое што се наоѓа во Мелбурн.
Концертот е закажан за 07 јуни ( недела ) со почеток од 7 pm часот.
Познатата пејачка ќе биде придружувана од добро одбран тим на искусни музичари кој што го сочинуваат Ненад на клавијатура, Адмир-гитара и вокал и Секо на саксофон.
И овој концерт ќе биде пренесуван во живо на сателитската ИН Телевизија, а може да го следите и на фан страната на Татјана на фејсбук или пак на јутјуб.
Удобно сместете се во вашите домови, пред малите и големи екрани, лап-топи, смартфони и уживајте заедно со Татјана Лазаревска директно од Мелбурн.

За потсетување, официјалното отворање на студиото на ИН ТВ во Мелбурн беше означено со снимањето на првото Новогодишно шоу таму, во организација на ИНТВ, каде што учествуваа голем број македонски пејачи и групи кои што живеат во Австралија.
Студиото на ИН ТВ е одлично место за промоција на сите македонски музичари кои во Австралија ги има во голем број.
