Заеднички албум најавуваат Димитар Митревски и Спире Јовановски

Please follow and like us:
Pin Share

Хармоникашот Димитар Митревски заедно со неговиот колега на кланирет, Спире Јовановски го најавуваат првиот заеднички албум кој ќе биде составен од новокомпонирани ора. Тие се надеваат дека албумот ќе добие и своја промоција кон крајот на летниот период.

Димитар Митревски и Спире Јовановски периодов ќе го заокружат нивниот прв заеднички албум. Тие пред само неколку денови во Охрид снимија видео записи за две заеднички ора, а веќе за следниот период најавуваат уште четири новокомпонирани музички дела со кои ќе го комплетираат нивниот проект.

-Ќе следуваат уште четири наши новокомпонирани ора и со тоа ќе го заокружиме нашиот нов проект. Тоа ќе биде прв заеднички проект со осум авторски ора, дел од нив се мои, а дел се на професорот Спире. Планираме за тие ора да направиме една промоција. Во склоп на таа промоција, Спире има еден албум кој сеуште не е промовиран, ќе го вметниме и тој албум во промоцијата. Јас спремам авторско мое цд и се надевам на крајот од летото ќе имаме голема промоција на три албуми.-истакна Димитар, за естрадниот магазин Естрада плус.

Спире и Димитар пред неколку месеци ги промовираа ората“Битолско Жикино” и “Маестрална плетенка”, со кои што и започна целата нивна музичка приказна. И двајцата се презадоволни од прифатеноста на тие дела, а интересно е тоа што некои од нивните колеги музичари веќе ги изведуваат овие ора на настапи и прослави.

-Слушани се доста овие ора и видов дека почнаа некои од нашите колеги да ги извеуваат што ми е многу мило. Па се надеваме дека и следниве ора ќе бидат уште поуспешни. Убаво е кога ќе слушнеш твоја композиција да биде изведувана.-додава Митревски, во интервјуто за ИН ТВ.

Инаку, Димитар го промовираше видео записот за неговото самостојно оро кое е насловено “Иванов пречек”, а деновиве се очекува да бидат претставени и двете видеа за заедничките ора со Спире, кои беа снимени на повеќе локации во Охрид, во соработка со ИН Продукција.

 

Please follow and like us:
Pin Share