Што најпрво ќе направи Сандра Милковска по завршување на вонредната состојба?!

Please follow and like us:
Pin Share

“Охридски Трубадури”, “Валандовски Фестивал” и “Гоце Фест”, се трите фестивали на кои што досега има настапувано пејачката со извонреден глас, Сандра Милковска. Таа во онлајн интервју за ИН ТВ открива што ќе направи по завршувањето на вонредната состојба.

Сандра Милковска е позната на јавноста по настапите на фестивалите низ нашата земја. Досега таа има настапувано на три големи фестивали, а на последниот “Гоце Фест” освои две награди. Сандра се закити со наградата за најдобар дебитант на фестивалот, а ја доби и трета награда од стручно жири за “Песна вечна Македонска” .

-Јас досега имам настапувано на три фестивали од кои Охридски Трубадури со дуетска песна. Потоа имам настапено на Валандовскиот Фестивал минатата година и годинава на Гоце Фест. Песните ги добив спонтано имам среќа што добивам се некои убави песни што ми се допаѓаат на прво слушање, одлучувам да ги снимам за еден ден, другиот ден или после два дена е фестивалот, но се поминува како што треба.-истакна Милковска, за естрадниот магазин Естрада плус.

Сандра во онлајн интервјуто за ИН ТВ ни откри кои работи најпрво ќе ги направи откако ќе заврши вонредната состојба во нашата земја поради коронавирусот..

-Прво што би направила, па ги чекам со нетрпение песните да ги снимам, потоа договорено е со Ване да ги снимиме спотови, да тргнеме со работа затоа што веќе премногу останавме дома. Не сме научени толку да седиме дома ние музичарите. И така само со добра мисла да тргнеме пак да работиме така како што сме работеле порано.-додава Сандра во интервјуто.

Инаку, пејачката периодов го подготвува и нејзиниот прв солистички албум. Три од песните кои се планирани за албумот, се веќе снимени, а две од нив се пуштени во етер. Повеќето од тие песни ќе добијат и видеа кои ќе ги работи ИН Продукција.

 

Please follow and like us:
Pin Share