Доста позитивни реакции од јавноста за најновата песна од Дамјан Стојаноски која носи наслов “Останав сам”. Доста емотивна песна на која што како автор на музиката и текстот се потпишува Дамјан, а аранжманот е на Златко Миладиноски.

Песната “Останав сам” од Дамјан Стојаноски, одлично прифатена од јавноста. Доказ за тоа се бројните коментари на социјалните мрежи кои Дамјан ги добива секојдневно, но и коментарите на неговиот јутјуб канал каде што е објавен спотот.
“Ех само колкумина ќе се пронајдат во песната, но само луѓе со чисто и искрено срце можат да го почувствуваат тоа. Браво Легендо” ! “Секоја чест братче, ме наежи.” “Ежењее братче , ја испеа суровата реалност во денешниов свет. Да ми живејш !” “Имав прилика да го запознаам Дамјан и сум негов фан од мали нозе. Тоа беше во Струмица во клубот каде што работам(Аватар) и сакам да речам дека пред се е прекрасна личност, а исто така и еден од најдобрите Македонски исполнувачи на народна музика. Секоја чест (Ако не пее тој на мојата свадба, не се женам)”

Ова се само дел од големиот број позитивни коментари кои сеуште пристигнуваат за песната “Останав сам”.
Во интервјуто за ИН ТВ, Дамјан ни откри дека станува збор за доста емотивна балада во која што се опејува вистинска случка од неговиот приватен живот.
-Песната се вика “Останав сам” и некој можеби ќе си рече “Како сам, тука му е фамилијата”, но тоа “сам” е малку метафорично кажано бидејќи имав така една емотивна случка во мојот живот и ја направив токму оваа песна, дома пред камин. И токму затоа во спотот има инсерти каде што го користиме каминот од викендицата на мојот вујко, па би сакал да му се заблагодарам што ни ја отстапи за снимањето.-истакна Дамјан во неодамнешното интервју за ИН ТВ.
Инаку, музиката и текстот се на Дамјан, а аранжманот е дело на Златко Миладиноски. Спотот го изработи ИН Продукција.
