(ВИДЕО)Сузана Гавазова им приреди вистинско уживање на фановите во живо од нејзиниот дом

Please follow and like us:
Pin Share

Во саботата вечерта, една од најпознатите фолк пејачки на македонската естрада Сузана Гавазова, на своите фанови им приреди вистинско уживање.

Таа одржа мини концерт во живо од нејзиниот дом, кој што го нарече, “ЗАЕДНО ДОМА”, специјално за сите оние кои што периодов се наоѓаат во своите домови поради моменталната ситуација со коронавирусот.

Сузана пееше повеќе од еден час и ги исполнуваше музичките желби кои во голем број пристигнуваа на нејзиниот фејсбук профил. Покрај нејзините хитови како “Опасна за око”, “Бум Бум”, “Удри Дајре” и многу други, таа ги отпеа и познатите стари македонски народни хитови.

За атмосферата да биде уште подобра, Сузана одлучи овојпат да ја придружува познатиот музичар Ицко Ѓорѓиовски кој одлично ги владее клавијатурите, а заедно направија ноќ за паметење.

Гледаноста беше навистина голема, бидејќи постојано вклучени во живо имаше повеќе од 4000 нејзини следбеници.

Пејачката тука не запира, се со цел да ги расположи нејзините фанови во овие тешки мигови, таа за следниот викенд закажува нова средба, односно уште една музичка вечер како што вели од нејзиниот дом или пак од нејзината тераса.

Во концертот уживаа и гледачите на сателитската ИН Телевизија, која го пренесуваше во живо преку  www.livestream.mk .  и 2ss студио.

 

 

 

Please follow and like us:
Pin Share