Ташко Каранфиловски ги почитува препораките и периодов се наоѓа во неговиот дом заедно со семејството. Тој се надева дека што поскоро ќе се реши оваа ситуација со коронавирусот бидејќи го чека многу работа.

Фолк пејачот Ташко Каранфиловски се наоѓа во неговиот дом во Ресен. Тој истакна дека ги почитува препораките, а надвор излегува само доколку има потреба од некои основни работи, односно до самопослуга или аптека. Како и на сите пејачи, така и на Ташко најповеќе му недостига неговата публика.
-Навистина ги почитуваме препораките. Мора да седиме дома бидејќи пред се, се работи за здравјето на сите нас и ете во овие тешки денови останавме дома заедно со семејството. Повеќе обрнавме внимание на нашите дома, малку музика, малку работа по дома и така ќе помине и ова. Дома сум сите дена, излегувам само ако нешто треба да се пазари и веднаш се враќам дома и тука си уживаме.
-Премногу ми фалат некои работи, пред се публиката, другарите, дружбата бидејќи јас секој ден бев во таков круг и навистина сега е малку помачно, меѓутоа бараме некаков начин за да дојдеме до комуникација преку социјалните мрежи. Не е тоа тоа, но се трудиме да направиме да ни биде забавно.-раскажува Каранфиловски, во видео интервјуто за ИН ТВ.

Изминатиов период тој неколкупати се вклучи на социјалните мрежи со цел да ги исполни музичките желби на неговите фанови и да допринесе за нивното убаво расположение во домовите каде што се наоѓаат.
-Овие денови имам доста побарувачка од мојата публика која ме следи, ми велат да се вклучам на фејсбук и да испеам некоја песна. Најмногу ми ја бараат “До 101-на”, веќе неколку пати ми ја бараа да им ја отпеам, тоа го направив сепак онолку колку што ни дозволуваат можностите.-вели пејачот.
Инаку, Ташко пред извесно време се врати од неговата прва турнеја во Австралија, каде што одржа бројни концерти и настапи заедно со неговиот кум Благојче Стојановски Туше и неколку други македонски музичари од Австралија.
Тој вели дека со нетрпение чека да заврши вонредната состоја и овој лош период за сите нас, а откако ќе се стабилизира состојбата го чека многу работа. Ташко периодов го привршува третиот студиски албум, а за следниот период најавува и неколку видеа во соработка со ИН Продукција.
Во продолжение уживајте во неговата изведба од дома, на песната “Не тагувај лично моме” !
Tashko Karanfilovski ekskluzivno od negoviot dom za Estrada plus i IN TV !
Gepostet von INTV am Montag, 6. April 2020
