“Обединети Македонци” и “Македонски Лавови” се двете песни кои ги промовираше Павле Кајмакоски деновиве во студиото на ИН Продукција.

Деновиве во студиото на ИН ТВ во Охрид, гостуваше Павле Кајмакоски кој воедно промовираше две песни. Станува збор за неговата најнова песна “Обединети Македонци”, како и една постара песна на која комплетен автор е Павле, а носи наслов “Македонски Лавови”.
– “Македонски Лавови” ја имам уште од поодамна, но како што заврши војната така и песната спласна и не успеав да ја снимам, а за “Обединети Македонци” идејата ми дојде така наеднаш бидејќи сме разединети и насловот е токму поради тоа, да се обединиме конечно еднаш.-истакна Кајмакоски, во интервјуто за ИН ТВ.

Неговите очекувања се двете песни да бидат добро прифатени од македонскиот народ, а за следниот период најавува и видео записи за нив кои ќе бидат во соработка со ИН Продукција.
Инаку, Павле веќе долги години живее надвор од Македонија, поточно во Виена, но тој сеуште ја негува македонската песна.
