Игор Андреевски сними спот за песна посветена на Македонија

Please follow and like us:
Pin Share

“Вечна да е Македонија” е најновата песна на Игор Андреевски за која што деновиве се сними и спот во соработка со ИН Продукција. Со оглед на тоа што песната е посветена на Македонија, Игор очекува истата да биде одлично прифатена од јавноста.

Младиот и доста талентиран пејач Игор Андреевски, сними спот за неговата најнова песна насловена “Вечна да е Македонија”. Спотот се снимаше на неколку локации во Скопје и околината, во соработка со ИН Продукција.

-Приказната кажува за еден млад човек кој ја чувствува таа љубов кон татковината Македонија и таа приказна ја опејувам јас. Ќе имаат можност да ја слушнат сите, која што од далечна земја ја пеам за Македонија и ќе имаат прилика да ја осетат таа енергија што ја има оваа песна која мислам дека ја донесов како што треба бидејќи чувствував дека има потреба. Песната се случи спонтано и ја направив со љубов, па сега ќе оставиме на гледачите да ја слушнат и да одлучат дали ќе им се допадне песната.-истакна Игор, за естрадниот магазин Естрада плус.

Автор на музиката и текстот на песната“Вечна да е Македонија” е Игор, а аранжманот го направи Златко Миладиноски. Песната е снимена во студиото на Љупчо Павловски.

-Сите кои што се чувствуваат како Македонци мислам дека ќе ја почувствуваат песната и ќе ја доживеат онака како што треба и мислам дека ќе биде прифатена не само кај нас во Македонија туку и насекаде низ светот каде што има Македонци.-додава тој за гледачите на ИН ТВ.

Инаку, Игор зад себе има неколку авторски песни, а ова е втор негов официјален спот после спотот за песната “Спомени”, кој истотака го работеше ИН Продукција.

 

Please follow and like us:
Pin Share