И сега, но и во иднина ќе ја негувам исклучиво македонската изворна песна. Ова го вели младиот пејач Мирослав Мирчески ја однесе победата на Гоце Фест.

Иако е релативно млад, тој ја негува исклучиво македонската песна. Мирослав Мирчески во неодамнешното интервју за ИН ТВ вели дека неговиот правец е македонската изворна песна додавајќи дека и покрај сите влијанија на различни фактори така ќе биде и во иднина.
-Буквално во иднина се гледам со музиката и ништо друго. Тоа ми е и струка и хоби и се, без музика не можам да живеам и тоа баш нашата македонска изворна музика. Јас ја негуват македонската народна песна и ќе продолжам во тој правец и покрај сите влијанија на соседните земји јас сум вакциниран од тие влијанија и упорно ќе ја негувам македонската музика и само македонската музика.-изјави Мирчески, за естрадниот магазин Естрада плус.

Инаку, Мирослав веќе си има и свој бенд со кој што настапува низ локалите, но и семејните прослави. Станува збор за бендот “Алгоритам”, составен од неколку млади, но доста искусни музичари.
Младиот пејач зад себе има шест авторски песни, а во интервјуто за ИН ТВ најавува уште две нови песни кои што ќе ги промовира во периодот кој следи.
Со песната “Македонски гордооди” победи на Гоце Фест, а оваа најголема награда од публиката која е најбитна за еден пејач е отскочна даска за Мирослав во музичките води. За ова име и овој млад музичар кој што ја негува исклучиво македонската песна, веруваме дека во иднина уште многу ќе се слуша.
