Пејачката потврди дека е бремена со прво дете со свршеникот Орландо Блум.

Кети Пери (35) со објава на „Твитер“ во четвртокот утрото на своите фанови им напиша дека е олеснување, конечно, да може да ја сподели веста. А на крајот на видеото за нејзиниот нов сингл Never Worn White таа го открива заоблениот стомак.
Детето ќе биде им биде прво на Кети и Орландо. Актерот веќе е татко на деветгодишниот Флин кого го подига поранешната сопруга, супермоделот Миранда Кер.
Објавата дојде само неколку минути по премиерното прикажување на видеоспотот. Таа напиша дека ѝ е мило што повеќе не мора да крие и да носи голема чанта. Речиси еден час по премиерата на видеото, музичарката ја објави веста за бременоста и на својот „Инстаграм“ и додаде дека детето ќе дојде на свет во летните месеци.
На прашањето како се чувствува како идна мајка, Пери рече дека е нестрплива и дека чувствува огромно олеснување што конечно може да ја сподели убавата вест.
„Возбудена сум, ние сме возбудени и среќни. Ова веројатно е најдолгата тајна што некогаш сум ја задржала. Мислев дека најдобар начин да ви ја кажам новоста е преку музика“.
Веднаш по објавата, славните колеги на своите профили на „Твитер“ испратија честитки за идната мајка.
