Дарко и Спасен порачуваат : МАКЕДОНЦИ во Австралија, бидете подготвени за најголемите МАКЕДОНСКИ забави на деценијата

Please follow and like us:
Pin Share

Дарко Стојаноски, Спасен Силјаноски и Престиж бенд, подготвени како никогаш досега, тргнаа за Австралија по повод нивната голема турнеја. Најавуваат спектакуларни забави со исклучиво македонска музика. 

Едни од најзвучните имиња на македонската фолк естрада, Дарко Стојаноски и Спасен Силјаноски, заминаа на голема Австралиска турнеја. Како што напиша Спасен на неговиот фејсбук профил тие во Австралија одат подготвени како никогаш досега и најавуваат одлични чисто македонски забави. На концертите ќе бидат прудружувани од Престиж бенд.

-Драги Македонци во Австралија, Спасен Силјаноски, Дарко Стојаноски и Престиж бенд доаѓаат подготвени како никогаш досега. Бидете подготвени и вие за нај нај најголемите МАКЕДОНСКИ забави на деценијата…ВЕ САКАМЕ…-стои во објавата на познатиот фолк пејач Спасен Силјаноски.

Во неодамнешното интервју за ИН ТВ, Дарко ни откри дека се закажани вкупно 8 нивни концерти, а според информациите од организаторите има навистина голема заинтересираност за нивните настапи.

-8 концерти се веќе закажани и се сигурни, за деветтиот уште се преговара за Њукасл, не се знае уште ништо. Но, колку што имам информации, добро оди и има голема заинтересираност. Ќе ги поздравам друштвото Никола Карев и Ацо Петроски, организаторите и сите тие со кои што контактираме велат дека добро оди засега.-изјави тој, за естрадниот магазин Естрада плус.

Како што вели Дарко со нашите Македонци во Австралија ќе имаат можност да се дружат повеќе од месец дена, а првите концерти се закажани за 7-ми и 8-ми март.

-Подготвени сме веќе и уште некои така ситни подготовки имаме. Веќе 7-ми и 8-ми март ни се првите концерти, па мислам дека до 12-ти април е последниот концерт. Значи повеќе од месец дена ќе се дружиме со нашите во Австралија. Воедно ќе ја искористам оваа прилика да ги поздравиме бидејќи тие не гледат и не следат на ИН ТВ.-истакна Дарко, за гледачите на сателитската ИН ТВ.

Нивните очекувања се пред се, одлична забава и дружба со сите оние кои што ја сакаат македонската песна и се желни за македонска музика.

Please follow and like us:
Pin Share