Со првата голема промена пејачот Жељко Самарџиќ сите ги шокираше. Кога пушти мустаќи и брада, па ги стилизираше, изненади многумина со својот изглед, за кој сите тврдеа дека пејачот не личи на себе. Како да е друг човек. Жељко потоа долго време остана таков и не го менуваше својот лик, се до неодамна…

Имено, Самарџиќ деновиве сепак реши дека токму сега е време за уште една голема промена во изгледот.
Низата неодамнешни фотографии одново ги оставија без зборови неговите обожавател(к)и, кога тој се појави уредно избричен.

Ваквото ненадејно враќање на стариот изглед е нешто, на кое никој не се надеваше, ниту го очекуваше од стариот шармер.
