(ВИДЕО) “Музика и Вино”-Полн погодок на Харизма бенд и Ивана Наумова

Please follow and like us:
Pin Share

Периодов, љубителите на убавата песна имаа можност да уживаат во најновиот проект на Харизма бенд и Ивана Наумова кој е насловен “Музика и Вино”. Проектот е составен од свадбарски и кафански микс.

Харизма Бенд и Ивана Наумова, пред извесен период го промовираа најновиот проект кој што е насловен “Музика и Вино”. Овој проект се состои од два сплета, од кои едниот е составен од македонски свадбарски песни, а другиот содржи безвременски кафански хитови.

Проектот беше промовиран во вистинско време, односно во празничен период кога музиката е составен дел од секој дом. Вкупно 30 минути музика отсвирена и отпеана во живо.

-Овој проект опфаќа два вида на сплетови. Првиот е свадбарски, наменет за свадби и се надеваме дека сите  кои ќе го слушаат тој проект, сите домови кои ги очекува таква свадбена веселба, ќе имаат можност да уживаат во тој сплет. Додека вториот сплет е кафански, за кој што ни е замислено секој кој ќе го слуша, да ужива со една добра чаша црвено вино. Во оваа прилика ги поздравувам вашите гледачи и еве од Харизма бенд им поклонуваме едно Новогодишно издание и им посакуваме да уживаат.-истакна Ѓорѓи Манев, во неодамнешното интервју за ИН ТВ.

Како што велат од бендот, идејата за снимање на ваков проект била на целиот бенд, а песните се бирани по нивни заеднички вкус.

-Нашите очекувања се големи, очекуваме овој проект да ни донесе многу успех, затоа што миксовите се навистина како што кажа Ѓорѓи, песни за душа и безвременски песни има во нив.-вели вокалот на бендот, Александар.

Проектот се снимаше во Винаријата Квин Марија во “Демир Капија”, во соработка со ИН Продукција.

“Ние веруваме дека музиката може да го подобри вкусот на виното, а исто така и виното може да го подобри звукот на музиката, па затоа нашиот најнов проект го насловивме “Музика и Вино”. Проектот го изработивме со многу љубов. Се надеваме дека луѓето ќе ја препознаат нашата енергија и дека овој проект ќе стане дел од семејните прослави и ветуваме дека ќе уживаат гледајќи и слушајќи ги овие внимателно одбрани песни.” – изјавија од Харизма Бенд.

Please follow and like us:
Pin Share