Две години етно ресторан „Дедо Димо“. На 27.12.2019 угостителскиот објект „Дедо Димо“ во селото Куратица одбележува уште една успешна година.

По тој повод ресторанот нуди 10% попуст на целокупното мени во текот на овој ден. Роденденот ќе се прослави со добра храна како и секогаш, но се разбира тука е и фолк пејачката Елена Јовческа да се погрижи и за добрата забава.

Инаку, во изминатава година ресторанот го посетија многу туристи од регионот, земјава и странство. За своите впечатоци зборуваа на социјалните мрежи. Вкусната храна, традиционалните бабински рецепти , но и бројните форми на алтернативен туризам меѓу кои јавање магариња, сафари, прошетка во живописната природа се клучните фактори кои ги пленат гостите.
Кој не бил во село Куратица и во етно ресторанот , топло ви препорачуваме да ги посетите.
Среќен роденден ресторан „Дедо Димо“. Ви посакуваме уште многу успешни години!!!



