Таа има 74 години, но изгледа барем 20 години помладо, а тоа го докажа и со енергичното танцување на сцена со Џеј Ло.

Џенифер Лопез дефинитивно имала од кого да ја наследи убавината и младоликиот изглед, нејзината мајка на 74 години изгледа одлично. По повод нејзиниот роденден пред неколку дена, Џеј Ло решила да ја донесе мајка си на сцена на еден од нејзините настапи и да танцуваат заедно.

Гвадалупе е најголемата поддршка на Џеј Ло, а на последниот настап, таа беше во публиката и уживаше во перформансот, танцувајќи и пеејќи, па пејачката ја покани на сцена:
„Мојот број 1 фан е во публика вечерва. По некоја случајност, таа слави роденден. Поздравете ја мојата мајка.“ – вели Џеј Ло, додека камерата ја снима Гвадалупе збунета.
Но, во моментот кога стапна на сцена, таа влезе во улогата и заедно со Џеј Ло почна да пее и танцува на песната „Hold It Don’t Drop It“.
Ако сте се запрашале од каде доаѓа енергијата и талентот за танцување на пејачката, тоа несомнено е од нејзината мајка.
