Северина ја преполни загребска „Арена“

Please follow and like us:
Pin Share

Северина ја преполни загребска „Арена“. Иллјадници срца чукаа заедно со нејзиното од возбуда, исто толку грла пееја заедно со хрватската поп дива во едн глас речиси за време на целиот концерт.

Спектакуларна глетка, и уште поспектуларно доживување, особено за време на одредени момент како што беше изведбата на одредени балади кои допираат до срцето. Една од песните Севе му ја посвети на својот син Александар, над кого неодамна судски го изгуби старателството од бившиот сопруг Милан Поповиќ.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

„Ја пеам оваа песна не само за мојот син, туку за сите деца на светот и за сите мајки“, рече Северина, пеејќи ја со посебни емоции песна „Родено мое“, која ја посветеи на нејзиниот син, а на крајот не додржа и се расплаче.

Но, освен на синот,  Севе посвети уште една песна на некој друг…

Некој, кој и е исто толку близок и сакан, некој кој знае што значи да се минува низ она што таа минува заради изгубеното старателство над своето дете, зашто Северина е нејзино дете, а малиот Александар нејзин внук.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Токму таа – „госпоѓа Мама“ исто така доби своја песна на концертот, но мајката на Северина беше главна уште пред почотокот на истиот, кога влезе во бекстејџот. Беше дочекана со аплаузи и стоечки скандирања од присутните зад сцената кои извикуваа: „Мама, мама, мама…“ , а Северина штом ја виде и падна во прегратки, а следуваа и бакнежи! Тоа веднаш ја побуди љубопитноста на камерите и фотографите, па „госпоѓа мама“ ја засени својата ќерка и беше главна ѕвезда во бекстејџот!

 

„Љубовта со љубов се враќа“ – напиша Севе во посветата покрај видеото кое го овековечи овој емотивен момент!

 

Please follow and like us:
Pin Share