💥 Распродадени концерти и стоечки овации – Турнејата на ИмаТ немаТ во Австралија е вистински хит!

Please follow and like us:
Pin Share

По успешните настапи во Волонгонг и Сиднеј, музичкото шоу „ИмаТ немаТ“ ја продолжи својата австралиска турнеја со два распродадени концерти во Мелбурн. Во петокот публиката уживаше во настапот во Springvale, а во саботата салата на луксузниот македонски ресторан Mystique беше исполнета до последно место.

Публиката беше воодушевена од забавата и емоциите што ги донесоа омилените ѕвезди. Жанко ЗШ ги насмеа присутните до солзи, Сања блесна со својот препознатлив настап, Василија ја освои публиката со патриотските песни, а Туше уште еднаш покажа дека одлично го чувствува пулсот на нашинците во Австралија.

Со оваа турнеја, музичкото шоу „ИмаТ немаТ“ уште еднаш докажа дека е најгледаната емисија меѓу македонската дијаспора, а ИНТВ ја потврди својата позиција како најгледана телевизија меѓу нашинците ширум светот.

ИНТВ и овојпат покажа дека кога застанува зад некоја турнеја – успехот е неизбежен!
Следниот викенд ИмаТ немаТ продолжува со настапи во Сиднеј и Њукасл.

Please follow and like us:
Pin Share