Дејан и Бојан – музичко дуо што ветува многу

Please follow and like us:
Pin Share

Браќата Дејан и Бојан се новото освежување на македонската музичка сцена. Како семејно музичко дуо, тие заеднички функционираат веќе една година и успешно го освојуваат вниманието на публиката. Дејан е главниот вокал, додека Бојан маестрално ги изведува дувачките инструменти, што дава посебен шарм на нивниот звук.

Во последниот период, тие реализираа интересен видео проект кој вклучува изведби на стари препеани македонски народни песни, новокомпонирани мелодии, како и неколку инструментални традиционални ора. За потребите на овој проект, во студиото им се придружија и неколку музички гости, кои уште повеќе ја збогатија музичката слика на ова дуо.

Нивниот труд и квалитет веќе почнуваат да се препознаваат, особено во охридскиот регион, каде се сè побарани на разни настани и прослави. Со својот уникатен стил и љубовта кон македонската музика, Дејан и Бојан ветуваат уште многу квалитетни музички проекти во иднина.

Please follow and like us:
Pin Share