Спасен Силјаноски го промовираше спотот за неговата најнова песна “Ах да се врати времето”. Видеото се снимаше во Охрид во соработка со ИН Продукција.

Периодот на карантин, познатиот фолк пејач Спасен Силјаноски го искористи за да подготви нова песна заедно со неговиот тим.
“Ах да се врати времето” е една одлична композиција за која музиката ја направи Спасен, текстот и овојпат е на неговата мајка Јагода Силјаноска, додека песната е снимена во студио Анастасија кај Љупчо Павловски. Спотот за оваа песна го изработи ИН Продукција.
-Да не бидам скромен, јас сум оптимист дека и оваа песна ќе им се допадне и дека ќе стане еден голем хит бидејќи секој би сакал да се врати времето, насловот на песната е баш таков, исто и рефренот. Во суштина е љубовна приказна “Ах да се врати времето, многу млади бевме многу силно се љубевме, но сега не сме заедно…”, во тој контекст е нешто. Да не откривам се, ќе оставиме простор да слушнат и видат гледачите, во секој случај се надевам дека ќе им се допадне и верувам.-истакна Силјаноски во неодамнешното интервју за ИН ТВ.

Спасен вели дека овој стил на музика по кој што тој е препознатлив ќе продолжи да го негува и во иднина, а неговите фанови во најскоро време да очекуваат повторно нешто ново од него.
Во продолжение погледнете го видеото и уживајте во новата песна на Спасен “Ах да се врати времето” !!!
