“Анѓа од Галичник” одлично прифатена од публиката на Избор на Летен Фолк Хит

Please follow and like us:
Pin Share

Со големиот хит “Анѓа од Галичник”, познатиот фолк пејач Дарко Стојаноски настапи на годинешното издание на Изборот на Летен Фолк Хит 2020 кој се одржа во Општина Новаци.

Токму со оваа песна тој победи на Најдобриот на листата, емисија која се емитува на Сателитската ИН Телевизија и освои 400 австралиски долари. Тој вели дека овој гест на телевизијата е поттик за уште поинтензивна работа во иднина.

-Ги поздравувам ИН Продукција и Австралиската ИН Телевизија, не е нешто толку ситно сепак 400 долари не се за потценување, но со овој гест тие ни дадоа поттик, освежување и ете не сме заборавени, значи мисли некој на нас. Во секој случај многу позитивно ни дојде.-истакна Стојаноски за естрадниот магазин Естрада плус.

Во интервјуто за ИН ТВ, Дарко вели дека како и на сите други музичари од македонската естрада така и него му фалат неговите свирки.

-Искрено многу ни фалат и дружбата со колегите и не само мене, на сите нас музичарите ни фалат настапите.-додава пејачот за гледачите на ИН ТВ.

Откако ќе се среди состојбата со коронавирусот, Дарко ќе продолжи со своите планови. Како што вели во интервјуто за ИН ТВ, најпрво ќе сними спот за “Сонцето од Кутлеш”, а потоа ќе следува и видео запис за песната која што во моментов ја подготвува “Моја Долна Река”.

Во продолжение уживајте во “Анѓа од Галичник” !

Please follow and like us:
Pin Share