| Светската ѕвезда Мадона (62) откри детали од биографскиот филм за нејзиниот живот и кариера, кој ќе се фокусира на 80-тите години кога таа се пробивала на музичката сцена.
Пејачката во видеоинтервју рече дека таа ќе го режира филмот, а на сценариото работи со Дијабло Коди, сценаристката што освои „Оскар“ за „Џуно“ во 2007 година. Поп-кралица раскажа и дека филмот ќе ги долови тешките почетоци што ги имала како уметник кога како жена се пробивала во машкиот свет.
|
|||||

