СУДОТ ГО ОТФРЛИ БАРАЊЕТО НА КАНЈЕ ВЕСТ ЗА ПРЕТСЕДАТЕЛСКА КАНДИДАТУРА

Please follow and like us:
Pin Share

Врховниот суд во сојузната држава Аризона го отфрли предлогот раперот Канје Вест да биде независен кандидат на претседателските избори во ноември.

Судот го разгледа предлогот откако Вест поднесе жалба против одлуката на долниот суд за одбивање на предлогот, наведувајќи дека во барањето на пејачот не се дадени информации за потписниците на кампањата и нивната посветеност кон политичка партија, поради што неговата апликација не беше направена соодветно.

На тој начин Врховниот суд ја потврди одлуката на долниот суд и го одби барањето за кандидатура на Вест.

На 7 јули, Вест објави дека поднел барање за регистрација во неколку сојузни држави, како и дека не е кандидат во некои региони поради недоволниот број собрани гласови.

Please follow and like us:
Pin Share