Ветено-Остварено : Група Чардак ја објавија новата песна со наслов “Најбогат ќе бев”

Please follow and like us:
Pin Share

Група Чардак деновиве во студиото на ИН Продукција ја претставија новата авторска песна со наслов “Најбогат ќе бев”. Тие се надеваат дека песната која е комплетно дело на Симе Нелоски, еден од нивните членови, ќе и се допадне на јавноста.

Она што го ветуваат на нивната публика, тие секогаш го исполнуваат. На големо задоволство на сите нивни фанови и јавноста, Охридската Група Чардак во студиото на ИН Продукција ја промовираа нивната најнова песна која што е насловена “Најбогат ќе бев”. Песната е комплетно авторско дело на Симе Нелоски, хармоникаш на Група Чардак.

-Како што ви ветивме во претходните емисии, Група Чардак постојано ќе работи на нови песни. Најновата песна наша е со наслов Најбогат ќе бев. Би сакал да го спомнам комплетниот автор на оваа песна, тоа е нашиот нов хармоникаш во групата, бидејќи јас станав нов пејач, тоа е Господинот Симе Нелоски, значи тој е комплетен автор на музика, текст и аранжман.-истакна вокалот на групата Златко Јолакоски за естрадниот магазин Естрада плус.

Како што вели Симе во интервјуто за ИН ТВ, за комплетно да ја подготви песната му биле потребни неколку месеци не криејќи го задоволството што токму една ваква Група како Чардак ќе ја отпее неговата авторска песна.

-Песната е подготвувана доволно време, неколку месеци. Познавајќи го стилот и можностите на Група Чардак кој колку може да отпее и отсвири, а можат многу па целиот тој склоп на емоции и чувства се преточија во таа песна. Во текстот, во музиката кои што се подготвуваа истовремено и ете така испадна, па се надевам дека е добитна комбинација. Како и секој автор, задоволството е големо кога ќе се отпее некоја негова песна, особено првата и најдрагата. Задоволството е големо, особено поради тоа што Група Чардак ја отпеа.-додава Симе за гледачите на ИН ТВ.

Со оглед на моменталната ситуација со коронавирусот во нашата земја од Група Чардак искрено се надеваат дека со нивната нова песна ќе донесат свежина низ Македонскиот етер и дека песната ќе наиде на добар одзив кај гледачите и целокупната јавност.

Please follow and like us:
Pin Share