Слаѓана Столеска е презадоволна од коментарите кои ги добива за нејзината нова песна “Пуста да е Мајко туѓината” и за спотот кој што беше снимен на повеќе локации низ Охрид.

Доста позитивни коментари и пофални зборови секојдневно добива пејачката Слаѓана Столеска за нејзината најнова песна “Пуста да е Мајко туѓината” која ја претстави заедно со спот кој го изработи ИН Продукција.
Текстот и музиката за оваа песна се дело на Тони Иваноски од Групата Биоритам, а аранжманот е на Славко Ристески од студиото Просаунд од Прилеп.
-Јас сум презадоволна од спотот, испадна совршено. Го работев со ИН Продукција се разбира со моите долгогодишни соработници од кои никогаш нема да се откажам, затоа што навистина она што ќе замислиме успеваме да го реализираме заедно со ИН Продукција. Презадоволна сум од коментарите, мислам дека оние што ја слушнаа песната искрено ми честитаа и зборовите што ги упатија за песната, стајлингот, локациите и затоа како ги имаме вклопени дел од Македонија и дел од Австралија некои пејсажи и интересни места, мислам дека искрени беа сите тие позитивни зборови на фејсбук и јутјуб каде што е објавена песната.-раскажува Столеска, за гледачите на ИН ТВ.

Видеото за “Пуста да е Мајко туѓината” се снимаше на атрактивни локации низ Охрид. Иако станува збор за песна со печалбарска тематика, Слаѓана и екипата на ИН Продукција одлучија овојпат да направат нешто поразлично и да снимат убав, модерен спот.
-Сакавме да се тргнеме малку од она стандарното. При разговор со екипата на ИН Продукција, пред да започнеме со снимање на спотот направивме една анализа на песната и се договоривме дека овојпат сакаме да одиме со нешто ново, поинтересно и се надевам дека направивме полн погодок.-додава пејачката, за естрадниот магазин Естрада плус.

Слаѓана во интервјуто за ИН ТВ меѓудругото открива дека периодов работи на новите авторски песни кои ќе се најдат на нејзиниот самостоен албум.
