(ВИДЕО) Јован Шикоски има нова песна

Please follow and like us:
Pin Share

“Срцето ми плаче” е насловот на новата песна од Јован Шикоски. Со оглед на тоа што станува збор за љубовна песна, неговите очекувања се дека ќе биде добро прифатена од јавноста.

Младиот и талентиран пејач Јован Шикоски во студиото на ИН Продукција ја промовираше неговата најнова песна која носи наслов “Срцето ми плаче”.

Станува збор за песна со љубовна тематика за која што текстот го напиша Ристо Весков, музиката е дело на Зоран Дамјанов, додека аранжманот го направи Љупчо Соколовски.

-Би сакал да кажам дека откако го добив текстот за песната “Срцето ми плаче” многу ми се допадна и затоа решив веднаш да ја снимам. За да биде поблиску до гледачите и публиката одлучив да ја промовирам на сателитската ИН Телевизија. Се надевам дека песната ќе и се допадне на јавноста, а за во иднина ветувам дека ќе продолжам со снимање на нови авторски песни. Очекувајте уште нешто ново од мене во најскоро време.-вели Шикоски, за гледачите на ИН ТВ.

Како што открива тој за естрадниот магазин Естрада плус за оваа песна во најскоро време ќе биде снимен и видео запис.

Инаку, Јован со музика се занимава уште од 15 годишна возраст, а за иднина неговите музички планови се големи. За периодот кој следи тој најавува уште неколку нови песни.

Во продолжение слушнете ја неговата најнова песна “Срцето ми плаче” !

Please follow and like us:
Pin Share