Спасен Силјаноски најави нова песна : Паричната награда од ИН ТВ ќе ја вложи во нов спот

Please follow and like us:
Pin Share

Спасен Силјаноски ексклузивно за ИН Телевизија најавува нова песна и спот. Тој откри дека паричната награда која ја доби од Сателитската ИН Телевизија ќе ја вложи во ново видео кое ќе биде во соработка со ИН Продукција.

Познатиот фолк пејач Спасен Силјаноски подготвува нова песна и најавува спот за истата. Спасен се вброи во победниците на Најдобриот на листата и стана добитник на 400 долари кои ги доделуваше Австралиската ИН Телевизија во месец јули на своите музички соработници.

Поради тоа што периодов Спасен се наоѓа во карантин, тој до редакцијата на ИН ТВ и естрадниот магазин Естрада плус испрати видео во кое се заблагодарува на неговите фанови и им ветува дека во периодот кој следи ќе ги почести со ново музичко парче.

-Бидејќи не можам да ве почестам сите со награда, сите вас кои што гласавте за мене и уште еднаш воедно да ви се Заблагодарам, сепак одлучив со таа награда односно тие парични средства да снимиме еден спот со ИН Продукција. Во тој случај сигурен сум дека ќе ве почестам сите со една убава песна и ќе ги задоволам сите ваши вкусови. Уште еднаш ви благодарам на сите вас кои што гласавте за мене и за мојата песна, а уште поголемо Благодарам и еден аплауз за оваа прекрасна иницијатија на Австралиската ИН ТВ.-истакна Спасен во онлајн видеото.

За потсетување, Спасен победи со неговиот голем хит “Ќе ти дојдам” со кој што во силна конкуренција од одлични песни и изведувачи, освои над 670 гласови.

 

Please follow and like us:
Pin Share