Лесно е за неа: Анастасија Ражнатовиќ со приватен авион замина на летување

Please follow and like us:
Pin Share

Познато е дека српската пејачка Анастасија Ражнатовиќ обожава да посетува егзотични дестинации. Претходната година летуваше на Миконос, но и беше неколку дена во Црна Гора.

Меѓутоа, поради пандемијата со коронавирусот, летните одмори оваа година се поразлични и со одредени правила.

Имено, Анастасија до неодамна летните денови ги поминуваше на релација Белград  –  Нови Сад каде што нејзиното момче има огромен имот со базен и поглед накај Дунав.

Меѓутоа, пејачката сега ги спакува куферите и замина во Црна Гора. Таа во кусите приказни на „Инстаграм“ објави фотографија од приватен авион.

Веруваме, дека младата Ражнатовиќ доволно ги наполни батериите и со полна енергија ќе се врати на работните обврски.

Please follow and like us:
Pin Share