Куќната помошничка на Пријовиќ го има рецептот против корона

Please follow and like us:
Pin Share

Александра Пријовиќ на социјалните мрежи сподели хит видео на кое главна ѕвезда е куќната помошничка на семејството Живојиновиќ.

Имено, додека Пријовиќ ја сецкаше храната, нејзината помошничка даваше совети како да го победат вирусот.

„Јади луто, јади лук, јади пиперки со лук.  Испи ракија, нека испари и убиј ја короната. И работи, а не да седиш и да ја чекаш короната. И тогаш паѓаш во депресија, лелеле корона. Работи, пеј, чисти, прави нешто и чао, нема корона повеќе“, вели таа.

Овој момент Пријовиќ го сподели на социјалните мрежи.

Потсетуваме, до неодамна Александра Пријовиќ и нејзиниот сопруг Филип Живојиновиќ беа на одмор во Монте Карло заедно со Лепа Брена и Боба.

Please follow and like us:
Pin Share