Слаѓана Столеска сними спот на атрактивни локации во Охрид

Please follow and like us:
Pin Share

“Пуста да е мајко туѓината” е насловот на новата песна на Слаѓана Столеска за која што сними и спот во Охрид, во соработка со ИН Продукција.

Пејачката Слаѓана Столеска деновиве на повеќе атрактивни локации низ прекрасниот Охрид го сними спотот за нејзината најнова песна насловена “Пуста да е мајко туѓината”.

Иако станува збор за песна со печалбарска тематика, таа овојпат одлучи видеото да биде помодерно и поразлично од сето она што таа досега го работела.

Текстот и музиката за оваа песна се дело на Тони Иваноски од Групата Биоритам, а аранжманот е на Славко Ристески од студиото Просаунд од Прилеп.

-Поминавме одличен ден со екипата на ИН Продукција, снимавме на убави локации во Охрид и искрено се надевам дека гледачите и целокупната јавност, покрај во песната, ќе уживаат и во прекрасното видео. Песната ја работеа вистински професионалци, а со оглед на тоа што е печалбарска, очекувам во неа да се пронајдат нашите македонци кои живеат надвор од родната земја.

Во моментов работам и на нови песни, но се ќе си дојде во свое време.-истакна Слаѓана за естрадниот магазин Естрада плус.

Спотот се очекува да биде премиерно претставен во текот на следните денови на сателитската ИН Телевизија.

Please follow and like us:
Pin Share