Дарко Стојаноски е третиот победник на “Најдобриот на листата” и добитник на 400 австралиски долари од ИН ТВ. Иако не очекувал дека ќе победи, вели дека овие парични средства добро ќе му дојдат во овој тежок период за нив-музичарите.

Познатиот пејач Дарко Стојаноски се запиша во низата добитници на 400 австралиски долари кои ги доделува Австралиската ИН Телевизија во текот на цел месец јули на своите музички соработници. Дарко ги освои најголемиот број на гласови на “Најдобриот на листата” со спотот за песната “Анѓа од Галичник”.
-Најискрено првите два дена претежно ја следев состојбата и претходните листи ги следев да не речам секој ден. Во вторникот навечер се видов на листата и веќе бев во водство, искрено си реков ете имам некој глас повеќе. Па како што одеше од ден на ден имаше повеќе разлика и не ни очекував. Најпрво би сакал да ви се заблагодарам Вам на ИН Продукција и Сателитската ИН Телевизија што ме ставивте како предлог на листата и од сето тоа јас сум навистина изненаден.-истакна Дарко, за естрадниот магазин Естрада плус.

Дарко во интервјуто за ИН ТВ го поздравува овој убав гест на Австралиската телевизија, а воедно открива како ќе ги искористи паричните средства.
-Па сега немаме многу простор за размислување бидејќи еве од самата ситуација со коронавирусот веќе неколку месеци воопшто не заработуваме. Така да, ќе гледам да ги искористам заедно со моето семејство, но секако имам многу планови за снимање нови спотови. “Сонцето од Кутлеш” остана, немаме спот за таа песна, а веќе подготвувам и друга песна Моја долна река. Секако сакам и таа песна да биде од почеток со спот. Нема да ми стигнат тие пари за тоа, но сепак добро ќе ми дојдат.-додава тој во интервјуто за ИН ТВ.
Инаку, Дарко пред неколку месеци престојуваше во Австралија каде што требаше да ја оствари неговата турнеја заедно со фолк пејачот Спасен Силјаноски и уште неколку други музички соработници, но поради пандемијата од коронавирусот која што го зафати целиот свет тие беа приморани да ја прекинат Австралиската турнеја и да се вратат во Македонија.
